Price
05/02/2022
Available: 25 seats
* Please select all required fields to proceed to the next step.

Proceed Booking

Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

5101


Зошто да резервирате со нас?

  • Најниска цена
  • Грижа за корисници
  • Грижливо одбрани тури и активности
  • Загарантирано задоволство


Имате прашање?

Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.

+389-77-123-456

info@adventuretrails.mk

Планинарење по Шара

0
  • 9 часа
  • Максимум лица : 25
  • Цела година
  • Туристички водич
  • Минимум возраст : 16+
  • Почетна локација: Тетово

Селото Бозовце, последното во низата планински села на Шара, е оддалечено 22 километри од центарот на Тетово. Еден од најимпресивните, најдиви пејзажи, се наоѓа на неколку километри пешачење од селото. Од центарот на селото, опремени со добра волја, соодветна физичка подготвеност и поволни временски услови ја почнуваме авантурата во срцето на Шар Планина.

Некаде на половина пат, при добри временски услови, се забележува гол врв со изградена камена кула на највисока надморска височина во државата. Кулата е симбол на Титов Врв и на Шар Планина и претставува вистински доказ за човековата упорност. Со своите 2.747 метри надморска височина, Титов Врв е втор по височина врв во Македонија, веднаш по врвот Голем Кораб. Повеќе од доволен мотив за да биде посетуван преку целата година, а најмасовно кон крајот на мај.

По околу осум километри пешачење, по направена пауза во излетничката куќичка и по неколкукратното преминување на потоците се пристигнува до центарот на Шар Планина, Долна Лешница на 1.490 метри надморска висина. Здивот го одземаат трите врвови Плат, Среден Камен и Кривошиски Врв. Баш распукана Шар Планина. Вистинско место за фотографирање и за уживање. Во местото Долна Лешница се наоѓаат и остатоците од планинарската куќа, која чека подобри времиња за да биде реновирана и повторно ставена во функција. Од другата страна сè уште се обновува шумата, која настрада во големата лавина пред неколку години. Една сцена од низата што ја покажува застрашувачката сила на природата.

По направената пауза во Долна Лешница, се продолжува кон фасцинантните кади на Кривошијска Река. Пристапот до полуотворената пештера е преку импровизиран неколкуметарски мост изграден од дрвени трупци. А внатре е најшармантното бучно изненадување со зеленкавосина боја. Брзаците по кои се спушта водата изградиле џиновска када и волшебна карпеста сала.

Неколку часа пешачење се премалку за запознавање со Шарпланинскиот Масив. Но, сепак, се доволно за да може да се види најимпозантниот и најатрактивен дел на оваа прекрасна планина. Масив исклучително богат со флора и со фауна. Од дивечот се застапени срната, дивокозата, мечката, дивата свиња, па често може да се забележат трагите од нивното движење. По патот е неизбежна средба и со многубројните стада овци и со симболот на овој крај, шарпланинецот.

Ова е една од најдобрите патеки од која може да ја забележите грамадноста на Шар Планина и нејзината убавина, а водата од која се формира најголемата шарпланинска река во срцето на планинскиот масив е една од најчистите во државата. Планинарската тура е посебно добра во лето, како пријатно оттргнување од големите жештини и е одличен начин за откривање на скриените убавини на државата. Едно е сигурно, ова е најдоброто од Шар Планина.

Логистички информации: Планинарската патека е во вкупна должина од околу 21 километар. Потребна е добра физичка подготвеност и соодветна облека и обувки.

Локација за поаѓање и враќање

Тетово

Време на поаѓање

08:00

Цената вклучува

  • Превоз од различни локации
  • Туристички водич
  • Ручек во локален ресторан
  • Флаери и брошури
Фотографии
Мапа

ЧПП

I'm a solo traveller, is there a single supplement?

A wonderful serenity has taken possession of my entire soul, like these sweet mornings of spring which I enjoy with my whole heart. I am alone, and feel the charm of existence in this spot, which was created for the bliss of souls like mine. I am so happy, my dear friend, so absorbed in the exquisite.

Which currency is most widely accepted on this tour?

– Austria – Euro (EUR)
– France – Euro (EUR)
– Germany – Euro (EUR)
– Italy – Euro (EUR)
– Netherlands – Euro (EUR)
– Switzerland – Swiss franc (CHF)
– United Kingdom – Pound sterling (£)

Should I book pre/post tour accommodation?

Far far away, behind the word mountains, far from the countries Vokalia and Consonantia, there live the blind texts. Separated they live in Bookmarksgrove right at the coast of the Semantics, a large language ocean. A small river named Duden flows by their place and supplies it with the necessary regelialia.

It is a paradisematic country, in which roasted parts of sentences fly into your mouth. Even the all-powerful Pointing has no control about the blind texts it is an almost unorthographic life One day however.

What is cancellation policy?

A wonderful serenity has taken possession of my entire soul, like these sweet mornings of spring which I enjoy with my whole heart. I am alone, and feel the charm of existence in this spot, which was created for the bliss of souls like mine. I am so happy, my dear friend, so absorbed in the exquisite.

4 travellers are considering this tour right now!