Best Seller
05/02/2022
Available: 25 seats
* Please select all required fields to proceed to the next step.

Proceed Booking

Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

5078


Зошто да резервирате со нас?

  • Најниска цена
  • Грижа за корисници
  • Грижливо одбрани тури и активности
  • Загарантирано задоволство


Имате прашање?

Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.

+389-77-123-456

info@adventuretrails.mk

Најубавиот поглед кон Охридско езеро

0
  • 7 часа
  • Максимум лица : 25
  • Цела година
  • Туристички водич
  • Минимална возраст : 16+
  • Поаѓање: Охрид

Сакате ли да го видите Охрид од висина и да го доживеете најубавото зајдисонце движејќи се по Галичица?  

Стартот на турата е од село Горно Коњско до кое се пристигнува со организиран превоз. Самата остра нагорнина навестува дека се искачувате прилично високо и веќе почнува возбудата од самата замисла каков неверојатен поглед ќе понуди ресторанот „Тераса Утарна“. Сместен е на 1.100 метри надморска висина, на место што меѓу селаните е познато како Утарна, по што и го добил своето име. И, навистина, ви нуди неверојатен поглед кон Охридско Езеро и Охрид каков што досега не сте виделе. Изграден е со многу љубов од гостопримливите домаќини, кои ќе ве примат како во своја куќа. Многу поинаку од масовниот туризам што се нуди неколку километри подолу. „Тераса Утарна“ совршено се вклопува во локалниот амбиент. Успешната комбинација на дрво и на камен, заедно со декорациите од ретро и од етномотиви, е совршена. Убавиот ентериер комбиниран со прекрасната околина и со единствениот мир нудат уживање во речиси сите убавини што може да ги даде природата. Покрај тоа, сета понудена храна и пијалоци се домашно подготвени. Ќе имате можност да пробате многу јадења од домашната традиционална охридска кујна. По дегустацијата на храна и на пијалоци се почнува со лесно движење по сртот на Галичица.

Шипокно е селото низ кое води патеката. Старите веќе напуштени камени куќи се посебно интересни во пролет, кога цвета јоргованот, кој го има многу во селото. Патеката поминува покрај преубави лозови насади, а во зависност од годишното време, може да се пробаат и питоми и диви овошки, кои ги има по должината на патеката.  

Пред село Велестово е новоизградената црква „Рождество на Пресвета Богородица“ во чијшто двор ќе биде направена кратка пауза. Оттука патеката продолжува под село Велестово, со константно благо спуштање. Погледот е единствен. На дланка е целиот Охридски регион, а со приближувањето кон Охрид, кој се наѕира низ попатните дрвја, се забележуваат и сите негови знаменитости. Пред сѐ „Св. Јован“ на Канео, Плаошник, Старата чаршија, а убедливо најдоминантна е Самуиловата тврдина. Нејзината импозантност може најдобро да ја забележите токму од оваа тура. Во правец кон тврдината, пак, на соседниот рид, познат како Габавски Рид, е локацијата каде што веднаш над православната црква „Свети Еразмо“ се наоѓала Енхелана. Некои уште ја нарекуваат и македонската Микена поради киклопските ѕидини, кои се делумно зачувани.

Турата ви нуди незаборавен ден. Перфектна комбинација на традиционална македонска храна и пијалаци, умерена физичка активност и најубав поглед кон најголемиот македонски бисер, Охрид со Охридско Езеро.

А најдоброто од сѐ е што по завршувањето на турата, по препорачаната дневна доза физичка активност и благиот замор, имате можност да се разладите во свежите води на Охридско Езеро. Уживање за сите сетила.

Забелешка: Почетна точка на турата е Охрид. Турата вклучува организиран превоз до село Горно Коњско. Планинарската патека е со должина од околу 10 километри. Потребна е средна физичка подготвеност и соодветна облека и обувки. Просечното време за планинарење изнесува три часа.

Локација за поаѓање и враќање

Охрид

Време на поаѓање

08:00

Цената вклучува

  • Превоз од различни локации
  • Туристички водич
  • Ручек во локален ресторан
  • Флаери и брошури
Photos
Map

FAQ

I'm a solo traveller, is there a single supplement?

A wonderful serenity has taken possession of my entire soul, like these sweet mornings of spring which I enjoy with my whole heart. I am alone, and feel the charm of existence in this spot, which was created for the bliss of souls like mine. I am so happy, my dear friend, so absorbed in the exquisite.

Which currency is most widely accepted on this tour?

– Austria – Euro (EUR)
– France – Euro (EUR)
– Germany – Euro (EUR)
– Italy – Euro (EUR)
– Netherlands – Euro (EUR)
– Switzerland – Swiss franc (CHF)
– United Kingdom – Pound sterling (£)

Should I book pre/post tour accommodation?

Far far away, behind the word mountains, far from the countries Vokalia and Consonantia, there live the blind texts. Separated they live in Bookmarksgrove right at the coast of the Semantics, a large language ocean. A small river named Duden flows by their place and supplies it with the necessary regelialia.

It is a paradisematic country, in which roasted parts of sentences fly into your mouth. Even the all-powerful Pointing has no control about the blind texts it is an almost unorthographic life One day however.

What is cancellation policy?

A wonderful serenity has taken possession of my entire soul, like these sweet mornings of spring which I enjoy with my whole heart. I am alone, and feel the charm of existence in this spot, which was created for the bliss of souls like mine. I am so happy, my dear friend, so absorbed in the exquisite.

5 travellers are considering this tour right now!