Price
The tour is not available yet.

Proceed Booking

Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

5101


Зошто да резервирате со нас?

  • Најниска цена
  • Грижа за корисници
  • Грижливо одбрани тури и активности
  • Загарантирано задоволство


Имате прашање?

Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.

+389-77-123-456

info@adventuretrails.mk

Крушевско наследство

0
  • 4 часа
  • Максимум лица : 25
  • Цела година
  • Туристички водич
  • Минимална возраст : 12+
  • Почетна локација: Крушево

Крушевско наследство ќе ве запознае со најскриените тајни на Крушево и ќе ви докаже дека сте знаеле премалку за овој град, кој изобилува со наследство и со богата традиција.

Турата почнува со посета на цркватаСвети Никола“.  Одличната лоцираност на црквата и близината на чаршијата – епицентарот на трговијата и на занаетчиството, довела до адаптирање на камбанаријата и во саат-кула. Редок архитектонски примерок. Поставеноста на часовникот на највисоката кула овозможува видливост од секоја страна од градот. Тие што немаат страв од висина може да се качат и да го доживеат единствениот поглед кон градот.

Посетата на Галеријата на Никола Мартиноски е уникатен начин на запознавање со ликот и делото на еден од најистакнатите македонски современи сликари. Во музејот се изложени неговите најпознати дела и прекрасни репрезентативни примероци од типична влашка и македонска народна носија. Крушевската одаја од XIX век ќе ве врати две столетија назад.

На само стотина метри се наоѓа и следната црква „Свети Јован“, позната како влашка црква. На горниот кат, скриена од очите на јавноста, ќе ја видите галеријата на икони и целиот алат за работа на Константин Зографот од Крушево. Иконостасот е вистинско ремек-дело, работено со огромна љубов цели четири години, според кажувањата на локалното население, повисок е и од тој во Бигорскиот манастир.

Дали некогаш сте биле во традиционална крушевска куќа?

Крушевската куќа е специфична симбиоза на влашката и на мијачката уметност во градењето. Еден од ретките описи на крушевската архитектура ќе пронајдете во спомените од Никола Киров – Мајски. Куќите на Нешковци, Фундовци, Таховци и други биле од понов тип. Значителен дел од куќите биле бомбардирани и уништени за време на задушувањето на востанието.

За среќа, куќата на Нешковци не била уништена за време на востанието и оваа тура нуди посета токму на оваа куќа. Семејството на баба Севастула, скратено Сика, сопственичка на куќата, ја купило од Нешковци за кои вели дека биле многу богати. Куќата импресионира уште на прв поглед со малата стара дрвена порта, која зад себе ја крие грандиозната зачувана убавица во жолта боја, со многубројни дрвени прозорци во стилот на влашката архитектура. Како и влашката црква „Св. Јован“ во Крушево, така и оваа куќа била ѕидана со врел вар што ја прави многу цврста.

Гостопримливите домаќинки облечени во стара градска традиционална облека ќе ве катапултираат назад во времето. Таму ќе ве чека и богато распослана трпеза со традиционални крушевски и влашки јадења како гурабии, лаптука, крофни, питулици со лук и со кисело млеко и овчо сирење, локум, домашно приготвено слатко, кафе, вода. Сето тоа послужено во уникатен градски влашки амбиент.

Освен тоа, ќе имате можност да ги чуете и тајните на месењето, пренесени од највештите крушевски жени во чиишто мајстории сами ќе се уверите. Ќе научите за што служат сукалото и тарунот, а ќе се зачудите што најважната тајна „состојка“ на превкусните месени работи, всушност, не е состојка, туку правењето крст со раката на брашното пред да го почнете месењето.

Логистички информации: Движењето низ градот е пеш и е подобно за сите возрасти, а турата трае околу шест часа.

Локација за поаѓање и враќање

Крушево

Време на поаѓање

08:00

Цената вклучува

  • Превоз од различни локации
  • Туристички водич
  • Ручек во локален ресторан
  • Флаери и брошури
Фотографии
Мапа

ЧПП

I'm a solo traveller, is there a single supplement?

A wonderful serenity has taken possession of my entire soul, like these sweet mornings of spring which I enjoy with my whole heart. I am alone, and feel the charm of existence in this spot, which was created for the bliss of souls like mine. I am so happy, my dear friend, so absorbed in the exquisite.

Which currency is most widely accepted on this tour?

– Austria – Euro (EUR)
– France – Euro (EUR)
– Germany – Euro (EUR)
– Italy – Euro (EUR)
– Netherlands – Euro (EUR)
– Switzerland – Swiss franc (CHF)
– United Kingdom – Pound sterling (£)

Should I book pre/post tour accommodation?

Far far away, behind the word mountains, far from the countries Vokalia and Consonantia, there live the blind texts. Separated they live in Bookmarksgrove right at the coast of the Semantics, a large language ocean. A small river named Duden flows by their place and supplies it with the necessary regelialia.

It is a paradisematic country, in which roasted parts of sentences fly into your mouth. Even the all-powerful Pointing has no control about the blind texts it is an almost unorthographic life One day however.

What is cancellation policy?

A wonderful serenity has taken possession of my entire soul, like these sweet mornings of spring which I enjoy with my whole heart. I am alone, and feel the charm of existence in this spot, which was created for the bliss of souls like mine. I am so happy, my dear friend, so absorbed in the exquisite.

2 travellers are considering this tour right now!