Price
05/02/2022
Available: 25 seats
* Please select all required fields to proceed to the next step.

Proceed Booking

Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

5078


Зошто да резервирате со нас?

  • Најниска цена
  • Грижа за корисници
  • Грижливо одбрани тури и активности
  • Загарантирано задоволство


Имате прашање?

Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.

+389-77-123-456

info@adventuretrails.mk

Мистерија и историја: Зрзе, Пешна и Девини кули

0
  • 5 часа
  • Максимум лица : 25
  • Цела година
  • Туристички водич
  • Минимална возраст : 12+
  • Почетна локација: Прилеп

Доколку сте за патување назад во средниот век и за совршена комбинација на природни убавини, историја, легенди и убава храна, тогаш Зрзе и Пешна се местата што задолжително треба да ги посетите.

Совршената хармонична заедница на природата и на манастирот „Св. Преображение Христово“ во Зрзе веднаш ќе го привлече вашиот поглед. Приближувајќи се пеш кон манастирските порти ќе ве одушеви разиграната форма на бигорната карпа, сега одблизу, со сите тие вдлабнатини, како дело на некој познат вајар. А штом ќе дознаете дека внатре се кријат пештери во кои била основана монашка населба, а тие вдлабнатини биле испоснички ќелии, тоа место ќе добие друга возвишена димензија.

Во дворот на манастирот се наоѓа црква што датира од XIV век. Во неа најзначајни се иконите на Христос Спасител и Жизнодавец и чудотворната икона на Богородица Пелагонитиса. Интересна е легендата за необичната положба во која се поставени овие две икони. Легендата вели дека монасите првично ги поставиле иконите според каноните на православието, но тие три ноќи со ред ја менувале својата положба. Кога монасите ја прашале Богородица зошто се случува тоа, таа им одговорила дека не сака да му врти грб на сина си и оттогаш иконите останале во таа позиција.

Девини Кули, следната точка на оваа тура, се наоѓа во непосредна близина на Македонски Брод. Според историјата, тука живееле две од четирите сестри на Крали Марко, Дева и Пеша. Првата живеела во кулата, а другата живеела во тврдината во пештерата. Многу блиску, но главна пречка за да се стигне до кулите е реката Треска, во минатото попозната како Велика. Централно место на највисокиот дел на ридот има камената кула со зачувана висина од околу пет метри. Оттука се отвора најубавиот поглед кон отворот на пештерата Пешна.

Пешна, пак, од спротивната страна, е пештерата со најголем отвор во државата. Големина што тешко може да се фотографира. Пештерата е дом на голем број ластовички, а има и лилјаци, кои тешко може да се забележат преку ден. Вистинско време за посета е во пролет или во доцна есен, кога од пештерата избива многу силен вруток, кој целосно пресушува во текот на летото. Во самата пештера се наоѓаат и остатоци од некогашната средновековна крепост и остатоци од стара воденица. Покрај самиот пат се наоѓа и античка гробница, која е празна и отворена.

Во близина на Пешна се наоѓаат угостителски објекти, па комбинирањето на прошетката со добро подготвена свежа риба од локалните рибници е неминовно.

Логистички информации: Почетна точка на турата е Прилеп. Турата вклучува организиран превоз до манастир Зрзе и до пештера Пешна. Времетраење на турата седум часа.

Локација за поаѓање и враќање

Прилеп

Време на поаѓање

08:00

Цената вклучува

  • Превоз од различни локации
  • Туристички водич
  • Ручек во локален ресторан
  • Флаери и брошури
Фотографии
Мапа

ЧПП

I'm a solo traveller, is there a single supplement?

A wonderful serenity has taken possession of my entire soul, like these sweet mornings of spring which I enjoy with my whole heart. I am alone, and feel the charm of existence in this spot, which was created for the bliss of souls like mine. I am so happy, my dear friend, so absorbed in the exquisite.

Which currency is most widely accepted on this tour?

– Austria – Euro (EUR)
– France – Euro (EUR)
– Germany – Euro (EUR)
– Italy – Euro (EUR)
– Netherlands – Euro (EUR)
– Switzerland – Swiss franc (CHF)
– United Kingdom – Pound sterling (£)

Should I book pre/post tour accommodation?

Far far away, behind the word mountains, far from the countries Vokalia and Consonantia, there live the blind texts. Separated they live in Bookmarksgrove right at the coast of the Semantics, a large language ocean. A small river named Duden flows by their place and supplies it with the necessary regelialia.

It is a paradisematic country, in which roasted parts of sentences fly into your mouth. Even the all-powerful Pointing has no control about the blind texts it is an almost unorthographic life One day however.

What is cancellation policy?

A wonderful serenity has taken possession of my entire soul, like these sweet mornings of spring which I enjoy with my whole heart. I am alone, and feel the charm of existence in this spot, which was created for the bliss of souls like mine. I am so happy, my dear friend, so absorbed in the exquisite.

4 travellers are considering this tour right now!