Price
05/02/2022
Available: 25 seats
* Please select all required fields to proceed to the next step.

Proceed Booking

Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

5071


Зошто да резервирате со нас?

  • Најниска цена
  • Грижа за корисници
  • Грижливо одбрани тури и активности
  • Загарантирано задоволство


Имате прашање?

Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.

+389-77-123-456

info@adventuretrails.mk

Ледена прошетка – Вевчани и Вевчанско езеро

0
  • 7 часа
  • Максимум лица : 25
  • Цела година
  • Туристички водич
  • Минимум возраст : 16+
  • Почетна локација: Вевчани

Дали знаете дека на само 15-ина километри воздушно растојание од Охридско Езеро се наоѓа едно од најубавите леднички езера во земјава? Тоа е Вевчанско Езеро, кое лежи на Јабланица,  планината по чијшто срт се движи граничната линија со Албанија и кадешто има уште три постојани леднички езера.

Почетната точка на турата е село Горна Белица, село што некогаш било со доминантно влашко население, а денес нема постојани жители. Планинарската патека кон езерото води низ исклучително богата букова шума, а се потребни околу 2,5 часа за да се стигне до езерото. Поголемо од фудбалски терен, без жив свет, опкружено со необични камења во црна боја и со вкусни малини – тоа е Вевчанско Езеро над кое се извишува највисокиот врв на Јабланица, Црн (Церн – на вевчански дијалект) Камен, висок 2.257 метри. Звучи, навистина, привлечно да се одмориме и разладиме по „долгото“ пешачење, нели?

Но, не можеме да останеме тука засекогаш. По краткиот одмор, се спуштаме назад до селото и тоа што следува е изненадување за сите сетила. Во локален амбиент, дегустираме традиционална храна… месени пити, пинџури, сирења… уживаме и се насладуваме.

Наша последна дестинација е село Вевчани. Знаете ли дека во близина на Вевчани поминувал познатиот пат Виа Игнација, главната артерија што го поврзувала Рим со источните делови на империјата?

Прво, ги посетуваме познатите Вевчански Извори. Како што наближуваме до нив, така станува сè постудено, но вас сè уште ве грее восхитот од веќе виденото. Главниот извор избива од пештерски канал, а штедроста на изворите создала одлични услови за функционирање на воденици, кои во минатото ги имало околу 30 на број. Една од нив сè уште е во функција, а внатре ќе се запознаете со начинот на работа на воденицата, што е особено интересно да се доживее.

Следува посета на црквата „Свети Никола“ во центарот на селото, каде што се наоѓа фреската во форма на триаголник со око во средината што веднаш ќе ве наведе да помислите дека станува збор за масонскиот симбол.  Во прилог на тврдењата дека, навистина, станува збор за масонскиот симбол одат и низа приказни за постоење вевчански печалбарски семејства, членови на масонски ложи, кои на овој начин сакале да ја искажат својата моќ и постоење. Од друга страна, овие тврдења се демантираат со ставот дека тој симбол е, всушност, „окото што гледа сè“, христијански симбол на светото тројство.  Но, која е вистината?

Како сувенири од посетата на „републиката“ може да понесете вевчански пасош или банкноти, кои, секако, не се во употреба.  Како сувенир ќе понесете и интересни податоци во врска со познатиот Вевчански карневал, кој се одржува во јануари, означувајќи го доаѓањето на новата година според стариот календар. Традиција постара од 1.400 години и голема културна и историска вредност. За крај, како сувенир ќе понесете восхит, свеж дух и желба да дојдете повторно во Вевчани.

Логистички информации: Почетна точка на турата е село Вевчани. Турата вклучува организиран превоз до Горна Белица. Планинарењето од Горна Белица до Вевчанско Езеро е во должина од околу шест километри во правец и се совладува висинска разлика од 600 метри. Времетраење на турата е околу шест часа.

Локација за поаѓање и враќање

Вевчани

Време на поаѓање

08:00

Цената вклучува

  • Превоз од различни локации
  • Туристички водич
  • Ручек во локален ресторан
  • Флаери и брошури
Фотографии
Мапа

ЧПП

I'm a solo traveller, is there a single supplement?

A wonderful serenity has taken possession of my entire soul, like these sweet mornings of spring which I enjoy with my whole heart. I am alone, and feel the charm of existence in this spot, which was created for the bliss of souls like mine. I am so happy, my dear friend, so absorbed in the exquisite.

Which currency is most widely accepted on this tour?

– Austria – Euro (EUR)
– France – Euro (EUR)
– Germany – Euro (EUR)
– Italy – Euro (EUR)
– Netherlands – Euro (EUR)
– Switzerland – Swiss franc (CHF)
– United Kingdom – Pound sterling (£)

Should I book pre/post tour accommodation?

Far far away, behind the word mountains, far from the countries Vokalia and Consonantia, there live the blind texts. Separated they live in Bookmarksgrove right at the coast of the Semantics, a large language ocean. A small river named Duden flows by their place and supplies it with the necessary regelialia.

It is a paradisematic country, in which roasted parts of sentences fly into your mouth. Even the all-powerful Pointing has no control about the blind texts it is an almost unorthographic life One day however.

What is cancellation policy?

A wonderful serenity has taken possession of my entire soul, like these sweet mornings of spring which I enjoy with my whole heart. I am alone, and feel the charm of existence in this spot, which was created for the bliss of souls like mine. I am so happy, my dear friend, so absorbed in the exquisite.

3 travellers are considering this tour right now!