Best Seller
05/02/2022
Available: 25 seats
* Please select all required fields to proceed to the next step.

Proceed Booking

Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

5100


Зошто да резервирате со нас?

  • Најниска цена
  • Грижа за корисници
  • Грижливо одбрани тури и активности
  • Загарантирано задоволство


Имате прашање?

Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.

+389-77-123-456

info@adventuretrails.mk

Вкусот на природата – Галичник, Јанче и Манастир Св. Јован Бигорски

0
  • 7 часа
  • Максимум лица : 25
  • Мај - Октомври
  • Туристички водич
  • Минимална возраст : 16+
  • Почетна локација: Крушево

Галичник –  местото во кое е собрана цела македонска убост, природната убавина, специфичната архитектура, носија, музика, обичаи…

Единствениот асфалтиран пат до село Галичник води низ националниот парк Маврово, покрај самото Мавровско Езеро. По патот се впечатливи споменикот на педесет и двајцата градежни работници, кои го загубиле животот во снежната лавина во 1956 година, при градењето на мавровскиот хидроенергетски систем, браната, а горе и прекрасниот поглед кон Мавровско Езеро, понорот Тони Вода, врвот Меденица

Селото е сместено на природен чардак, а центар на селото е црквата „Св. Петар и Павле“ во чијашто непосредна близина се наоѓа и амфитеатарот пред кој се одржува дел од познатата манифестација Галичка свадба. Галичката свадба се одржува секоја година на Петровден и е еден од најбитните настани поврзани со негувањето на македонскиот идентитет, преку запознавање на новите генерации со заборавените адети, прекрасната музика на Мајовци и неизбежните зурла и тапан, најдобрата македонска носија и најпрепознатливото македонско оро „Тешкото“.

Можеби најдоброто место за одмор и за уживање во огромното пространство што се отвара пред Галичник е хотелот „Неда“, од каде што при ведро време погледот допира и до Дебарско Езеро. По кафе-паузата во хотел „Неда“ се спуштаме кон селото Јанче. Патеката овозможува пристап и поглед кон еден од најубавите предели во националниот парк. Парк, чијшто симбол е балканскиот рис, срамежливото животно, кое, за жал, се наоѓа на работ на истребување.

По околу два часа пешачење се пристигнува до селото Јанче, а тоа што го прави атрактивно за посета е зачуваната традиционална архитектура. Селото се наоѓа од левата страна на река Радика, додека доминантниот дел од селата се наоѓаат од спротивната страна.

Од Јанче тргнуваме во посета на најпознатиот верски христијански храм, манастирот „Св. Јован Бигорски“, изграден во XI век. По трагедијата во 2009 година, која остана како болно сеќавање, манастирот воскреснува во прекрасен храм. Денес манастирот доби сосема нов лик и прерасна во едно од најубавите христијански светилишта во целиот регион. Импресивен иконостас изработуван шест години, мошти на св. Јован Крстител, св. Климент Охридски и други светители…

Непосредно под храмот се наоѓа етноресторанот Куќа на мијаците“, целосно изграден во духот на традиционалната мијачка култура. Тука, се насладуваме со храна што ја нема никаде на друго место: манастирски леб, комитска сабја, пченкарна мазница, галички смок, ќаин мерак… изборот е тежок

Логистички информации: Почетна точка на турата е Маврово. Турата вклучува организиран превоз до Галичник и до манастирот „Св. Јован Бигорски“. Движењето од Галичник до Јанче е спуштање за околу 700 метри висинска разлика. Потребна е добра физичка подготвеност и соодветни високи обувки. Поради големата надморска височина од околу 1.700 метри, патот кон Галичник не е прооден во зима.

Локација за поаѓање и враќање

Маврови Анови

Време на поаѓање

08:00

Цената вклучува

  • Превоз од различни локации
  • Туристички водич
  • Ручек во локален ресторан
  • Флаери и брошури
Фотографии
Мапа

ЧПП

I'm a solo traveller, is there a single supplement?

A wonderful serenity has taken possession of my entire soul, like these sweet mornings of spring which I enjoy with my whole heart. I am alone, and feel the charm of existence in this spot, which was created for the bliss of souls like mine. I am so happy, my dear friend, so absorbed in the exquisite.

Which currency is most widely accepted on this tour?

– Austria – Euro (EUR)
– France – Euro (EUR)
– Germany – Euro (EUR)
– Italy – Euro (EUR)
– Netherlands – Euro (EUR)
– Switzerland – Swiss franc (CHF)
– United Kingdom – Pound sterling (£)

Should I book pre/post tour accommodation?

Far far away, behind the word mountains, far from the countries Vokalia and Consonantia, there live the blind texts. Separated they live in Bookmarksgrove right at the coast of the Semantics, a large language ocean. A small river named Duden flows by their place and supplies it with the necessary regelialia.

It is a paradisematic country, in which roasted parts of sentences fly into your mouth. Even the all-powerful Pointing has no control about the blind texts it is an almost unorthographic life One day however.

What is cancellation policy?

A wonderful serenity has taken possession of my entire soul, like these sweet mornings of spring which I enjoy with my whole heart. I am alone, and feel the charm of existence in this spot, which was created for the bliss of souls like mine. I am so happy, my dear friend, so absorbed in the exquisite.

5 travellers are considering this tour right now!